Hinweis

Für dieses multimediale Reportage-Format nutzen wir neben Texten und Fotos auch Audios und Videos. Daher sollten die Lautsprecher des Systems eingeschaltet sein.

Mit dem Mausrad oder den Pfeiltasten auf der Tastatur wird die jeweils nächste Kapitelseite aufgerufen.

Durch Wischen wird die jeweils nächste Kapitelseite aufgerufen.

Los geht's

balkanska ruta makedonski

Logo http://multimedia.dw.com/balkanska-ruta-makedonski
Video

Стотици километри огради од бодликава жица и ѕидови беа подигнати во рок од само неколку месеци, брзо и темелно.

Затворени беа сите тајни премини.

Таканаречената Балканска рута, најважниот пат кон Западна Европа, беше комплетно блокирана.

Но, што се случи со илјадниците луѓе кои останаа затекнати на оваа траса? Кои се и што чекаат тие?

Патување до границите на Балканот.

Zum Anfang
Schließen
Vorher/Nacher Ansicht

Vorher/Nachher-Ansicht starten

Прифатилиштата за бегалци - преполни. Луѓе по железничките пруги, полегнати во паркови, застанати во редици, дење и ноќе.

Во 2015 година европските политичари се чинеа неподготвени, безволни.

 А како е денес?


Zum Anfang

Резарт седи пред својот шатор во северна Србија. Пуши – цигара по цигара. Во мислите го врти филмот на неговиот живот. Унгарија е само на неколку километри од него, а сепак недостижна.

Дневно границата легално смеат да ја преминат само 30 лица. А листата е долга, многу долга. На неа е и името на Резард. Под троцифрен реден број.  

Zum Anfang

Овде, во овој бегалски камп во Суботица, Резард ја чека својата иднина.

Тој знае, ќе мора да презими овде, во еден од шаторите во последните редови.

Zum Anfang

Резард припаѓа на верското малцинство Ахмади во Пакистан. Тој е муслиман, но не смее да се декларира како таков. Ахмади-верниците немаат цркви, немаат право на закоп, не смеат да ја практикуваат својата религија.

Неговите двајца браќа се убиени. Резард, заедно со својата жена решил да побегне од ваквата судбина. По седум месеци стигнале до Суботица, таму го очекувал специјален подарок.

Zum Anfang

"Велосипедов ми го даде едно ирачко семејство. Тие успеаја да ја преминат границата кон Унгарија. Многу сум им благодарен. Со велосипедот можам да излезам од кампот, да подишам чист воздух, да се почувствувам слободен."

Во привременото бегалско сместувалиште, Резад е единствениот кој има велосипед. Ноќе го заклучува, стои веднаш покрај неговиот шатор. Грижливо го чува. Но, прашање е на време до кога.

Веднаш штом ќе добие дозвола да продолжи кон Западна Европа, ќе му го подари на некого друг. 

Zum Anfang
Video

Деца си играат

Секојдневие на српско-унгарската граница

Zum Anfang
Video

Ова е Идриз од Авганистан.

Има шест години.

Момчето не се сеќава веќе на зборовите од песната од неговото детство., туку само на мелодијата.

Сеќавања на домот.

Zum Anfang

Преку 30 милиони деца во светот се во бегство. Седумдесет од нив живеат овде, во Хоргош 2, во илегален логор во Србија непосредно на границата кон Унгарија.

Недела навечер. Сонцето полека заоѓа. Тие сѐуште играат пред шаторите. Истото ќе го прават и утре, и ден потоа, и уште еден ден потоа...

Zum Anfang

Во очите на децата, бегалските домови се само друго игралиште.

За возрасните – вечни чекалници.


Zum Anfang

Алиа Мусли има 19 години. Заедно со своите родители и двајца браќа побегнала од Сирија во Европа.

Овде во Македонија, во логор близу грчката граница, таа нашла мир, но не и слобода.

А без слобода, за неа значи– без иднина.

Zum Anfang
Video

Алиа чека во еден македонски бегалски камп

Zum Anfang

Алиа и останатите немаат што да прават. Секој ден поминува еднолично. Некои часовите, минутите, секундите ги исполнуваат со молитви. Со бројаници во рацете, муслиманите повторуваат кратки молитви, т.н. дхикр или зикр.

Точно 33 пати дневно.

Но, што ако на пат кон Европа ги загубат бројаниците. Што ако во бегалските домови не можат да се молат онака како што пропишува нивната религија?

Zum Anfang
Video

Молитва во бегалски камп

Zum Anfang
Schließen
360°-Ansicht starten

Бегалски камп Крњача, во близина на Белград

360°-Ansicht starten

Бројот на луѓето овде е намален, но судбината им остана иста. Лани во овој бегалски дом близу Белград живееја 600 луѓе, денес се уште само 220.

Во Србија во 2015 година беа регистрирани 700.000 бегалци. По затворањето на Балканската рута, годинава (до септември) во Србија стигнале 100.000 луѓе.

За мнозинството Србија е само попатна станица на нивниот пат кон Западна Европа.

Но, еден млад човек во овој логор има поинакв план.

Zum Anfang

Арман сонувал за Германија.

Но, поради една неочекувана средба, може да остане во Србија.

А за да остане овде, мора да совлада голем предизвик: српскиот јазик.

Zum Anfang
Video

Арман учи српски

Zum Anfang
Video

Арман сака да остане во Србија

Zum Anfang
Video

Гест на помош, топол збор, тоа е што им треба на Арман и на другите бегалци.

Патот до Западна Европа е долг повеќе илјади километри и може да трае со месеци, дури и со години.

 Еден од најголемите предизвици е извршувањето на основните потреби.

Zum Anfang
Video

Едит помага

Zum Anfang

Во домот на Едит, едно сириско семејство не добило само можност да се истушира, туку и јадење, одмор, љубезни зборови, чувство на дом.

Сега ги делат 2000 километри. Таа живее во Србија, а семејството заминало во Германија. Едит им помогнала и при преминот на границата.

Zum Anfang
Video

Едит подучува унгарски

Zum Anfang

Стигнувањето во Западна Европа, не значи крај на патешествието. Семејството Муса 13 години живеело во Германија во очекување на азил.

До 2012 година, кога ги вратиле назад на Косово, во земја која нивните деца никогаш не ја виделе.

Во земја која сега треба да ја нарекуваат свој дом.

Zum Anfang

Img 0357
Vollbild

"Bо Германија стигнав на 18 август 1999. година. Бев депортиран на 27 јуни 2012 година. Спиев кога 17 полицајци влегоа во мојот дом во четири часот наутро. Ми ставија лисици на рацете. Не знев што се случи со моите деца. Мојата жена беше оперирана од тумор и мораше да оди на контрола. Сега не знам дали е излекувана или не. Утрото жена ми двапати падна во ходникот, се онесвести. Потоа не ставија во автомобил и не однесоа на аеродром во Диселдорф.

Сакам да знам што направив за да бидам депортиран. Има луѓе кои предизвикуваат проблеми, со дрога, со оружје. Но, јас не сум од нив. Немав каде да одам, кога стигнав овде, немав ништо. Од косовските власти немаме никаква помош. Ќерка ми има дијабетис. Прима по две дози инсулин петпати дневно, тоа треба јас да го платам. Државата не ни помага."

Img 0357
Schließen
Zum Anfang

Девојчето и нејзините браќа и сестри не зборуваат албански, а нивните соученици не зборуваат ни ромски ниту германски. Без заеднички јазик, заедничката игра е речиси неможна.

Напротив: тие доживуваат изолирање и одбивање. На девојчето му недостига неговиот живот во Германија, се надева овде да се почувствува „како дома“, кога и да е.

Zum Anfang
Video

Проект на Дојче Веле Академија
(Рајна Бројер, Симе Недевски)

финансиран од Германското министерство за економска соработка и развој (BMZ)

во соработка со:

RTV (Божидар Стојков, Ивана Буш Јовиќ)
RTS (Душан Јемуовиќ, Немања Милутиновиќ)
RTCG (Игор Пејовиќ, Бојана Милиќевиќ)
BHRT (Јасмин Џанко, Даниел Лепир)
RTRS (Лилјана Прерадовиќ, Александар Батез)
RTK (Бесарт Галица, Марија Станојковиќ)
RTSh (Аниса Кадеша, Меги Мехили)

Zum Anfang
Scrollen, um weiterzulesen
Wischen, um Text einzublenden