Hinweis

Für dieses multimediale Reportage-Format nutzen wir neben Texten und Fotos auch Audios und Videos. Daher sollten die Lautsprecher des Systems eingeschaltet sein.

Mit dem Mausrad oder den Pfeiltasten auf der Tastatur wird die jeweils nächste Kapitelseite aufgerufen.

Durch Wischen wird die jeweils nächste Kapitelseite aufgerufen.

Los geht's

Balkan Booster Impression

Logo http://multimedia.dw.com/balkan-booster-impression

Zum Anfang

Zum Anfang

Соочување со Балканот

Vollbild

Ова се гласовите на Balkan Booster. Четиринаесет млади луѓе од цел Балкан, родени за време или по војните во Југославија, кои ја истражуваат историјата и идентитетите на својот регион.

Тие првпат одат во посета на соседните земји, наидувајќи и на прифаќање и на отфрлање од страна на локалното население. Ја гледаат другата страна на приказната и на поинаков начин размислуваат за историјата која ја научиле дома и на училиште.

Со што се сретнаа, како се чувствуваа? Посетете ги Вуковар (Хрватска), Сребреник (Босна и Херцеговина), Битола (Македонија), Нови Пазар (Србија) и Грачаница (Косово) за да видите какво е нивното искуство. Наслонете се и слушнете и видете ги нивните приказни.

Schließen
Zum Anfang

Zum Anfang

Париз, Берлин и Мадрид – места кои треба да се видат, да се истражат. Неутрални места, каде можеш да бидеш едноставно само турист. Но на Балканот мораш да му припаѓаш некому, имаш идентитет, сакал или не.

Дали затоа младите луѓе претпочитаат да одат некаде далеку, каде можат да бидат едноставно тоа што се, а не да живеат според тоа како ги дефинираат другите?

Ова е средновековната тврдина во Сребреник, Босна и Херцеговина. Се наоѓа на само четири часа возење од домот на Леа Котлица. Таа е од Кула, мало гратче во северна Србија. Никогаш претходно не била во Босна и Херцеговина иако од тука потекнуваат дури и нејзините баба и дедо.

Zum Anfang
0:00
/
0:00
Video jetzt starten
Zum Anfang

Леа на концерт на група од Сребреник (БиХ). Групата се вика Генерација без компас. Петтемина „олд скул“ панк рокери свират насекаде низ Балканот. Групата е формирана во 1990-та, времето кога Југославија исчезна од картата. Време кога сите се чувствуваа како да живеат без компас.

Како е сега, четврт век подоцна? Како се чувствуваат младите? Дали и натаму бараат правец, притоа преоптоварени со историја, соочени со суровоста на сегашноста, немајќи доволно сила да погледнат во иднината?

Просечната невработеност на младите во земјите од поранешна Југославија изнесува 46%. Многумина се пакуваат и заминуваат во западна
Европа со надеж за подобра иднина. Но Леа останува... засега.

Zum Anfang

„Можеби звучи шокантно, но навистина сакам да останам во Србија. Првата причина е што кога сум овде, се чувствувам дома.

Кога и да патувам некаде, во моментот кога ќе стигнам на аеродромот 'Никола Тесла' се чувствувам дома, зашто овде се сите мои пријатели и семејството. Втората причина е што навистина искрено сакам да направам позитивна промена во Србија.

Сите знаеме дека демократскиот систем во земјата во моментов е слаб, човековите права и слободата на медиумите се на ниско ниво. Сакам да работам како новинар и активист за Србија еден ден да стане добра земја за своите граѓани, добар сосед и место на оптимизам."

Zum Anfang

Zum Anfang

Целосното уништување на Вуковар, убиствата и прогонот, се случија пред 26 години. Но времето не ги излекува сите рани. Овде се' уште има луѓе кои живеат во минатото, барајќи ги телата на своите роднини.

Јована Георгиевски од Србија и Орланд Новаку од Албанија разговараа со жена од Вуковар која во 1991-та ги загубила сопругот, синовите и браќата.

Zum Anfang

Zum Anfang

Vollbild

Кога во Вуковар си две недели пред 18 ноември, денот на падот на Вуковар, имаш чувство како да газиш низ минско поле. Понекогаш се чини
како да си стапнал на мина и како да слушаш „клик“ под стапалата, како цел еден момент на несигурност да се растегнал во времето во кое јас и мојот колега се обидувавме внимателно да комуницираме со околината и да не предизвикуваме повеќе немир отколку што е неопходно.

Јас, се разбира, не знам како е да се згазне на мина. Ми се чини дека кога еднаш ќе згазнеш, остатокот од животот го минуваш обидувајќи се да сфатиш како најдобро да ја извлечеш ногата. Да кажеш дека си Србин во тој специфичен дел на Хрватска е исто како да слушаш „клик“, како атмосферата одеднаш да станува студена пред да се врати во нормала, притоа се' минувајќи без експлозија.

Имаше моменти кога сфаќаш дека се случило нешто што го детерминирало твојот живот, а ти не можеш да сториш ништо околу тоа. Одеднаш станува важно од каде си. Мислам дека тоа е аспект на војната кој ги допира сите луѓе зафатени од нејзе, независно од која националност.

Јас, се разбира, не знам ништо за тоа какво било чувството да си зафатен од настаните од 1991-ва. Она што го видов 26 години по војната се луѓе кои се обидуваат да ја начнат темата во третата реченица од разговорот, но не кажувајќи многу повеќе од „беше неизречиво“, „беше незамисливо“, „тешко е да се разбере“.
Видов голема потреба да се разговара и голема воздржаност тоа навистина да се стори. Видов возрасни луѓе како се обидуваат да не го
завршат разговорот, затоа што мислат дека не би требало да го водат.

Видов знаци на страв во очите на силните балкански мажи кои велат дека носеле оружје. Мислам дека видов и траги на тага кога раскажуваа дека не се посетуваат со дел од пријателите кои им биле блиски пред војната.

Видов старица која се бореше да се увери дека „сум во ред да разговара со мене, иако сум Србинка“. Видов како темелно ми го проучува лицето, за среќно да заклучи дека имам азиски јаболчици, што одеднаш ме направи поприфатлива (заедно со моето македонско име). Забележав господин кој скришум набљудуваше како ќе се снајдам на забавата на која бев поканета кога на другите луѓе им е кажано дека сум Македонка. Видов промени на изразот на луѓето од тензичност до смиреност, како да правеше „клик“ кога ќе го слушнеа мојот акцент, а потоа, кога ќе разменевме по некој збор, тензијата се намалуваше, разговорот повторно стануваше безбеден.

Видов љубопитност и потреба за контакт, со повеќезначност која провејува во секое сега и тогаш. Видов доверба во руините и сфатив колку многу работа е останата.

Јована Георгиевски од Пирот, Србија

Schließen
Zum Anfang

Zum Anfang

Еден град, три националности, две религии, два официјални јазика.

Луѓето се следени од својот идентитет, тие живеат распнати меѓу славното минато на Санџак, носталгијата за Југославија и сегашноста како граѓани на Србија.

Суадела Балиу од Албанија (текст) и Александра Најдовска од Македонија (илустрации) го истражуваа градот.

Zum Anfang

Vollbild

„Го сакам својот град. Во Нови Пазар се' е супер. Ми се допаѓа животот овде“, вели човекот кој зборува англиски, но и гестикулира  за да ве увери дека е така.

Небојша Милосављевиќ е лекар во болницата во Нови Пазар. Во својот роден град се вратил по четиригодишните студии во Приштина. Во моментов е запишан на специјалистички студии во Белград. „Живееме добро заедно. Јас живеев во Приштина и ги сакам Албанците“, вели тој. „Јас сум Србин, а мојот најдобар пријател е муслиман. Религиите коегзистираат во мир“, заклучува тој пред да ни понуди да не' прошета по дел од знаменитостите во Нови Пазар.

Schließen
Zum Anfang

Vollbild

Кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го посетил Нови Пазар, градот поставил билборди на кои му се посакува добредојде на српски и на турски, ни велат луѓето. Неџат, кој работи во „Амир-агин Хан“, објект од 18 век кој бил турски ан, а сега е ресторан, ни покажува кратко видео што го снимил за време на посетата на Ердоган.

На него се гледаат полни улици со луѓе кои извикуваат „Добредојде Силтан!“. „Ердоган рече дека Турција ќе помогне за изградба на пат кој ќе го поврзува регионот Санџак со Сараево и вети дека ќе изгради турски бањи и мост во Нови Пазар“, вели Неџат. Кога има фудбалски натпревари, често се навива за тимовите кои играат против српската репрезентација.

Дел од луѓето признаваат дека навивале за Турција и Албанија кога играле против Србија во Белград, дури и на неславниот натпревар во 2014 година, кој беше прекинат поради насилството на теренот. Дали локалните жители се чувствуваат повеќе како Срби, или се идентификуваат како дел од посебна санџачка заедница? Одговорот зависи од тоа кого ќе прашате. Сликата која ја добивме во Нови Пазар е тешко да се објасни, толку е полна со различни аспекти, толку е комплексна и збунувачка. Две недели во градот не се доволно за да се сфатат лагите зад завесата.

Schließen
Zum Anfang

Vollbild

Каков е животот во Нови Пазар за младите, како е во градот каде речиси половина од населението е на возраст под 35 години? Дали тие се врзани за својот ентитет, или модерното време ги брише старите поделби? Рифат Рифатовиќ е актер, режисер и музичар роден и израснат во градот. Ни раскажа дека се обидел да искористи театарска претстава за да се пожали на локалните проблеми. Политичарите, и локалните и оние во Белград, не биле среќни поради тоа.

Неговата претстава „Бетон Махала“ имала успешна премиера, но била брзо симната од репертоарот и забранета. „Бетон Махала“ се фокусира на односите меѓу Србите и Бошњаците, на семејните врски, проблемите во образовниот систем, користењето на два јазика, балканскиот менталитет и прашањата поврзани со живеењето во балканскиот град. Сето тоа се прашања за кои луѓето обично не зборуваат.

Претставата е наградувана и изведувана во повеќе театри во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Таа ја опфаќа желбата за Нови Пазар како град каков што некогаш бил, со Срби и Бошњаци кои се држат заедно, со посетители и трговци од Софија, Дубровник, Солун и Сараево, кои се слеваат во градот. „Денес луѓето само се држат до идентитетот кој најмногу им одговара“, вели Рифат Рифатовиќ.

Schließen
Zum Anfang

Vollbild

Југославија ја нема, брутално е збришана од картата. Она што од нејзе остана се приказните во кои секој е жртва, затоа што не може да се признае сопствената вина. Засенета од етничките етикети и јазичните разлики, постои група луѓе кои се' уште се идентификуваат себеси со поранешна Југославија.

Самир Делиќ, кој работи како фотограф 30 години, вели дека е роден Југословен. Сега, кога неговата земја веќе не постои, тој себеси се нарекува граѓанин на светот. „Не ми е грижа кој е Бошњак, Србин или Хрват“, вели тој. „За луѓето би било најдобро да се тргнат од минатото и да гледаат во иднината.“ Но, луѓето во Нови Пазар се се' уште фокусирани на минатото, и подалечното - она на османлиски Санџак, и поновото - на традициите на екс Југославија.

Schließen
Zum Anfang
0:00
/
0:00
Video jetzt starten
Zum Anfang
0:00
/
0:00
Video jetzt starten
Zum Anfang

Zum Anfang

Може да се мисли дека лесно да се биде писател на Балканот. Толку многу приказни на улиците, толку историја, толку различни судбини.

А, од друга страна, може да се мисли и дека е тешко да се биде писaтел на Балканот, без пари и со мали пазари.

Писателите Жељка Хорват Чеч од Хрватска и Стефан Марковски од Македонија во потрага по нови приказни го истражуваа Косово.

Zum Anfang
0:00
/
0:00
Video jetzt starten
Zum Anfang
0:00
/
0:00
Video jetzt starten
Zum Anfang

Zum Anfang

„Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк Сокак, а на дембел чаршија кафе ќе се напијам...“, гласи една од најпопуларните песни посветени на овој град. Мештаните велат дека ако си дошол во Битола, а не си прошетал по Широк Сокак, е исто како никогаш да не си бил во градот.

А среде Широк Сокак е уникатниот двокатен Дом на културата. Со својата модерна стаклена фасада тој се издвојува од останатите објекти во околината. Домот изграден пред речиси 40 години е центар на културните настани во Битола.

Всушност вие сега сте токму тука, само слушајте ги звуците на Битола.

Zum Anfang

Битола е рај за светските кинематографи, филмски магионичари и кино-естетици. Тоа е родното место на филмот на Балканот. Не верувате? Филип Андроник од Босна и Херцеговина и Арт Хаџијакупи од Косово го истражија тоа.

Еве го првиот доказ: Јанаки и Милтон Манаки – двајца браќа кoи се првите кинематографи на Балканот. На почетокот на 20. век тие ја донесле првата филмска камера од Лондон. Оттогаш, правењето филмови е стил на живот во Битола. Во чест на нивното дело градот Битола 38 години е домаќин на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Тоа е прв и најстар филмски фестивал посветен единствено на креативноста на  кинематографите ширум светот.

Погледнете што друго во градот открија Арт и Филип.

Zum Anfang

Zum Anfang

Zum Anfang

Zum Anfang

Zum Anfang

Zum Anfang

Zum Anfang

На Балканот има уште многу работи за откривање.

Да видиме со што ќе се соочат „Бустеровците“ наредната година.

Следете не' на Фејсбук и Твитер:

#dw_BalkanBooster

Zum Anfang

Реализација ДВ Европа (Главен уредник: Аделхајд Фајлке)

Спонзорирано од Министерство за надворешни работи на СР Германија

Адаптација и редакција: Елизабета Милошевска Фиданоска, Рајна Бројер

Учесници во Balkan Booster:
Суадела Балиу, Леила Шепер, Жељка Хорват Чеч, Арбер Бајрами, Јована Георгиевски, Марко Касељ, Леа Котлица, Стефан Марковски, Александра Најдовска, Орланд Новаку, Азем Куртиќ, Александар Нововиќ, Филип Андроник, Арт Хаџијакупи

Zum Anfang
Scrollen, um weiterzulesen
Wischen, um Text einzublenden